УПКП во ФБиХ

На Основачкото собрание на Здружението на работодавачи- комунални претпријатија во Федерацијата на Босна и Херцеговина (УПКП во ФБиХ), кое се одржа во октомври 1999 година, се приклучија 32 претпријатија членки со околу 3.000 вработени. Денес, УПКП во ФБиХ има 64 членки, кои вработуваат над 8.000 лица од сите десет кантони на Федерацијата на БиХ и кои имаат свои претставници во Управниот и Надзорниот одбор, а кои ги бира Собранието на УПКП во ФБиХ. Од своето основање, УПКП во ФБиХ функционира успешно 26 години. Работењето на телата и експертските тимови на Здружението се одвива во согласност со Статутот и други општи акти.

Преку својата работа, УКПП во ФБиХ активно учествува во промовирањето на комуналниот сектор во Федерацијата на БиХ, како и на јавните претпријатија како основни носители и спроведувачи на комуналните услуги кои се неопходни за обезбедување на соодветни работни и животни услови за сите граѓани. Здружението има секторски поткомитети за попрецизно дефинирање на проблемите и координирање на идните активности.

На 20-тото Собрание на УПКП беше донесена одлука за промена на името на Здружението во: „Здружение на комунални претпријатија во Федерацијата на Босна и Херцеговина". Новото име појасно го рефлектира членството - односно „комуналните претпријатија", што е во согласност со нивната правна и функционална улога. Важно е да се напомене дека препознатливиот акроним „УПКП во БиХ“ останува непроменет.

Клучните теми со кои се занимава УПКП во ФБиХ се:

  • Економската состојба и работењето на ЈКП во Федерацијата на БиХ;
  • Правниот статус на јавните претпријатија во ФБиХ;
  • Цените на комуналните услуги во ФБиХ;
  • Наплата на побарувања за комунални услуги во ФБиХ.

Прашањата поврзани со комуналните услуги и предизвиците со кои се соочуваат сите јавни претпријатија се во сржта за локалните заедници и земјата како целина. Затоа, УПКП во ФБиХ постојано ја нагласува потребата за посилен ангажман и вклученост од страна на сите нивоа на власт, од локално до национално, во решавањето на бројните отворени прашања во комуналниот сектор, а кои се во корист на сите.

УПКП во ФБиХ обединува професионалци со големо искуство во областа, способни да придонесат со вредни предлози за решавање на голем број на акумулирани проблеми во комуналните претпријатија. Покрај активностите на Управниот и Надзорниот одбор, значаен придонес даваат и експертски тимови, работни групи и комисии, чија тековна работа е да ги следат законите како основа за создавање на подобри услови и работна средина за јавните претпријатија во ФБиХ.

Преку својата работа, УПКП во ФБиХ активно промовира одржливо управување со водните ресурси, јакнење на капацитети на своите членки и подигање на свеста за важноста на чистата вода за пиење. Учеството во кампањата „Само додај вода" претставува можност за понатамошно афирмирање на секторот за водоснабдување, вмрежување со сродни организации и ангажирање на млади професионалци од комуналниот сектор во иновативни активности кои ја промовираат важност на водата за животот и одржливиот развој.

Previous
Next