21 година АДКОМ – Од ентузијазам до професионализам

Здружението на давателите на комунални услуги на Македонија (АДКОМ) е основано  на 4 април 2004 година со цел да ги подигне стандардите на урбаното живеење, заштитата на животната средина и пристапот до квалитетна вода за пиење. Во текот на изминатите 21 година, АДКОМ прерасна во клучна национална платформа, која ги координира и застапува над 90 јавни претпријатија и нивните вработени. Ние работиме во рамките на јавниот комунален сектор, со фокус на водоснабдување, управување со отпадни води, цврст отпад и канализациски услуги, при тоа усогласувајќи се со европските стандарди и поддржувајќи го локалниот развој.

  • Нашата мисија: Да ги застапуваме и поддржуваме јавните комунални претпријатија во доставувањето на висококвалитетни и одржливи услуги.
  • Нашата визија: Да бидеме доверлив партнер и центар на знаење за заштита на животната средина, одржлив развој и регионална соработка.

КЛУЧНИ ПРОЕКТИ, КОНФЕРЕНЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ

АДКОМ бил домаќин и предводел бројни важни конференции, регионални проекти и работилници за градење на капацитетите, честопати во партнерство со водечките меѓународни организации како што се IAWD, RCDN, GIZ, SECO и Светска банка.

Меѓународни конференции

  • Меѓународна конференција за загуба на вода, телеметрија и SCADA системи во водоснабдување – 2006 г.
  • Меѓународна конференција за управување со отпад-2007 г.
  • Меѓународна конференција за загуба на вода, телеметрија и SCADA системи во водоснабдувањето-2008 г.
  • Меѓународна конференција за управување со отпад-2011 г.
  • Меѓународна конференција ,,Предизвици за водниот сектор во процесот на приближување кон Европската унија” 2012 г.
  • Меѓународна конференција, Предизвици за секторот води и отпадни води и одржливост” 2013 г.
  • Меѓународна конференција за вода – „Водоснабдување и отпадни води - предизвици и одржливост” 2014 г.
  • Меѓународна конференција „Регионално управување со отпад” – 2015 г.
  • Меѓународна конференција „Регулирање на услугите за водоснабдување и отпадни води” 2016 г.
  • Меѓународна конференција „Вода и отпад - реалност и предизвици” - 2018 г.
  • Меѓународна конференција „Комунални услуги во паметни градови” - 2023 г.
  • Меѓународна конференција „Иднината на комуналниот сектор”- 2025 г.

Работилници и семинари за:

  • Јавно-приватно партнерство и аутсорсинг
  • Финансиски менаџмент и ревизија во ЈКП
  • Обука за воведување на HASSP
  • Презентација на европските стандарди за прочистување на отпадните води и современи технологии
  • Работилница за активностите на IB-NET Меѓународен бенчмаркинг во секторот на комунални услуги
  • Работилница за формулирање на проект за заедничка набавка на возила за сите ЈКП во РСМ
  • Работилница за можности за подобрување на ефикасноста на ЈКП
  • Работилница за користење на претпристапните фондови на ЕУ - ИПП (IPA)
  • Работилница за имплементирање и користа од воведувањето на меѓународните стандарди ISO 9001/14000
  • Усогласување на ЈКП и општините со Законот за управување со отпад
  • Работилница на тема - Закон за финансиска дисциплина
  • Тематска работилница: Кривично гонење на сторителите на кражба на вода и мерки и средства за надминување на загубите на вода и стекнување на комунална техничка службеност
  • Закон за административни службеници и Закон за вработените во јавниот сектор
  • Современи модели за управување со комунални услуги со фокус на стратешкoто управување во ЈКП што вклучува стратешки план, мерки за ефикасност и мониторинг на имплементацијата
  • Работилница за јавни набавки „Измени и дополнувања на Законот за јавни набавки и иновации во системот за електронски јавни набавки“
  • Работилница за ефективни и ефикасни услуги на ЈКП
  • Обуки за подготовка на акти за систематизација на ЈКП
  • Основи на канцелариското и архивското работење
  • Презентација на функционалноста на порталот на АДКОМ за податоци за ЈКП
  • Подготовка на акти за систематизација на ЈКП
  • Развој на капацитетот за подобрување на корисноста на водоснабдувањето: регулатива, ефикасност и квалитет
  • Работилница – Обука за ЈКП од Ресен, Куманово и Берово, проект финансиран од страна на Швајцарската канцеларија за поддршка – SECO
  • Упатства и обуки - Меѓународен бенчмаркинг 2014 (IB2014) Бенчмаркинг на претпријатијата за водоснабдување и канализација во Дунавскиот регион
  • Регионални работилници со директори на ЈКП
  • Работилница со претставници од Бирото за јавни набавки
  • Специјализирани обуки за работодавци во ЈКП во фирмата Конти Хидропласт
  • Работилница за примена на одредбите на Законот за работни односи, системот за плати и други прашања
  • Регионални работилници со ЈКП во Република Северна Македонија за спроведување на Законот за утврдување на цените на водните услуги
  • Национална работилница за презентирање на резултатите од DCM платформата
  • Работилница за изработка на функционална анализа за систематизација на работни места во ЈКП
  • Работилница за Законот за општа административна постапка
  • Регионални работилници - Обуки за деловно планирање
  • Работилница – Услуги за менаџмент и консалтинг за инфраструктурни ресурси за ЈКП во Југоисточна Европа
  • Работилници - Деловно планирање според регионалниот принцип на учество кај ЈКП
  • Консултативна работилница за усвојување на Законот за извршување и Законот за нотаријатот
  • Работилница за одговорните лица во ЈКП за собирање, пополнување и контрола на податоци на порталот DANUBIS-DCM

ПРОЕКТИ

ADKOM – IAWD - GIZ

„Собирање податоци и обука за поддршка и споредба на бенчмаркингот во Македонија“.

АДКОМ – АКВАСАН

„Собирање на податоци за цврстиот отпад во Југоисточна Европа“.

ADKOM – IAWD

„Градење на капацитети за подобрување на ефикасноста на водоснабдувањето: регулирање, ефикасност и квалитет“.

АДКОМ - SECO

Услуги за компонентата за размена на искуства и  учење во рамките на проектот за коучинг кај ЈКП

ADKOM – EPTISA

„Реформи во системот за водоснабдување и прочистување на локално ниво“.

АДКОМ – СВЕТСКА БАНКА

„Собирање и управување со податоци на платформата DANUBIS“.

АДКОМ- GIZ -2018

Подобрување на дијалогот на акционерите во секторот води во Република Северна Македонија и поддршка на малите претпријатија за водоснабдување во развојот на бизнис планови и плановите за прилагодувања на тарифите.

АДКОМ- GIZ -2020

„Зајакнување на испораката на РК во ЈКП во Република Северна Македонија за обезбедување на одржливи водни услуги”

АДКОМ-СЕКО

АНАЛИЗА НА СЕКТОРОТ НА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

АДКОМ- GIZ, Отворен регионален фонд за Југоисточна Европа Модернизација на општинските услуги Македонски Телеком, -2022 г.

„Дигитална трансформација на јавните водни услуги“

ADKOM- GIZ -RCDN+ 2024

Зајакнување на АДКОМ во насока на одржлив раст, развој на капацитетите и застапеност на неговите членови

Преглед на единицата за обука на АДКОМ

  • Основана во 2004 година, АДКОМ обезбедува можности за обука и размена на искуства. Единицата за обука произлегла од горенаведените активности на АДКОМ како природен тек на настаните.
  • Во 2017 година, АДКОМ започнал со D-LeaP обуки, како значајна пресвртница во формализирање на своите иницијативи за обука. Овој напредок, поддржан од RCDN, доведе до воспоставување на каталог на програми за обука во 2018 година, придружени со усвојување на стандарди за квалитет за испорака на обуки, одобрени од страна на Управниот одбор на АДКОМ.
  • Единицата за обука на АДКОМ нуди широк спектар на специфични и генерички програми за обука, кои се наведени во нашиот сеопфатен каталог за обука. Овие програми се прилагодени за да ги задоволат различните потреби на сите чинители.
  • Во текот на годините, единицата за обука успешно спроведе D-LeaP, RCDN и свои сопствени обуки во области како што се:
    • Отпадни води
    • Комерцијална ефикасност
    • Безбедност на водата и управување со кризи
    • Пристап до финансии
  • Во 2025 година, со поддршка на RCDN АДКОМ работи на акредитација на својата единица за обука со експертска поддршка обезбедена преку RCDN проектот.
  • Единицата за обука на АДКОМ останува камен-темелник на развојот на капацитетите, континуирано управување со професионалниот развој и поттикнување на размена на знаење низ секторот.

АДКОМ е горд поддржувач на кампањатаСамо додај вода – секоја капка е важна“ за подигање на свеста за зачувување на водата во пресрет на климатските промени. Заедно, преку образование, соработка и заеднички активности, ние обезбедуваме пристап до водата за сите, бидејќи секоја капка е важна. АДКОМ се залага за водата како основно човеково право, а не луксуз. Како здружение на даватели на јавни комунални услуги, ние ја поддржуваме кампањата „Само додај вода“ бидејќи веруваме дека чистата, безбедна и достапна вода е основно човеково право, а не луксуз. Обезбедувањето на континуирано и висококвалитетно снабдување со вода бара силна инфраструктура, одговорна употреба и заштита на животната средина.

Преку оваа кампања, ние:

  • Ја промовираме вредноста на водата во секојдневниот живот
  • Поттикнуваме на одговорна потрошувачка и заштита на животната средина
  • Ја подигаме јавната свест за виталната улога на комуналните услуги
  • Соработуваме на регионално ниво за изградба на отпорни, инклузивни системи за вода
Previous
Next