Комуналните претпријатија собираат вода и ја складираат, контролираат, штитат и го подобруваат нејзиниот квалитет. Потоа, тие ја испумпуваат низ мрежа од цевки која започнува од изворот на вода и завршува во чешмата за вода.
Водоводните претпријатија имаат лаборатории кои го анализираат квалитетот на водата. Тие вработуваат градежни и сервисни тимови кои ја одржуваат цевководната мрежа и пумпите. Честопати мора да ги поправат цевките кои се стари со децении и од кои протекува скапоцена вода.
За да функционира едно претпријатие за водовод потребен е цел тим од стручни лица. Ние не го забележуваме ова сѐ додека водата ни е достапна секојпат кога сакаме ладен пијалак или топол туш.
Зошто ви го кажуваме ова? Бидејќи на локалното претпријатие за водоснабдување му е потребна сета поддршка која може да ја добие за да продолжи да работи. Потребни се пари за да се плати персоналот, сметките за режиски трошоци и инвестициите во цевки, пумпи и опрема. Имајте го тоа на ум секојпат кога ќе ја погледнете сметката за вода. Со тоа придонесувате водата постојано да тече.
Покрај тоа, постојат четири едноставни чекори кои можете да ги преземете за здравата вода да продолжи да тече од чешмите во вашата заедница:
Едуцирајте се за водните ресурси од кои зависи вашата заедница. Добијте информации од претпријатието за водоснабдување, од локалните власти и од невладини организации.
Ако постои група во вашата заедница која се занимава со заштита на водата, приклучете се. Ако не, размислете вие да формирате таква група.
Споделете го своето знаење со другите. Разговарајте со вашите соседи. Охрабрете ги наставниците во локалното училиште да зборуваат за заштитата на водата. Започнете разговори во вашата заедница. Колку повеќе луѓе ја сфаќаат важноста на водата, толку побезбедни сме сите.
Основајте група која ги следи изворите на загадување и комуницира со чинителите.
Организирајте ден за чистење на локалните извори на вода и мочуришта. Направете ја водата тема за дискусија. И никогаш не бидете трпеливи со загадувачите: Ако можете вие – може секој.
Ви благодариме за вашата поддршка.