Еве неколку едноставни работи кои можете да ги направите за да заштедите вода:
Секогаш добро затворете ги славините за да не капат. Во текот на една година, по една капка на секоја секунда, акумулира количество на вода еднакво на полни 85 кади! Ако славината продолжува да капе - заменете ја.
Проверете дали има протекувања - ако водомерот продолжува да се движи додека не користите вода, може да има протекување.
Затворете ја славината додека ги миете забите. Можете да заштедите до 14 литри вода за две минути.
Имајте на ум дека секој пат кога се туширате наместо да се бањате, ја намалувате потрошувачката на вода за половина.
Уверете се дека тоалетот не продолжува да тече откако ќе ја испуштите водата. Со ова може да се потрошат до 200.000 литри вода секоја година.
Користите сад во лавабото кога миете овошје и зеленчук. Потоа можете повторно да ја употребите водата за наводнување на растенијата.
Не пуштајте полупразни машини за перење или машини за миење садови.
Кога миете садови, не пуштајте вода постојано.
Ако сакате да пиете ладна вода, наполнете бокал со вода, чувајте го во фрижидерот и пијте ладен пијалак кога и да ви е потребен. Не дозволувајте славината да тече додека не надојде ладна вода.
Ако имате градина, наводнете го тревникот на секои три до пет дена, наместо секој ден. Помалку наводнување е потребно за време на пролет, есен или ладно време.
Наводнувајте го тревникот порано наутро, бидејќи тогаш има најмала количина на испарување и прелевање. Не наводнувајте во ветровити денови.
Размислете за собирање на дождовната вода и нејзино користење за вашата градина.
Измијте го автомобилот со сунѓер и кофа, наместо со црево или машина за миење под притисок. Ова може да заштеди до 300 литри вода секојпат кога го миете автомобилот!
* SOURCES – ofwat.gov.uk, volusia.org, friendsoftheearth.uk